„ДАНЕЛА, СДСМ И ДУИ ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ“ Градот да го плати долгот, а не да фабрикува хаос, порача ВМРО-ДПМНЕ

Не поминуваат детските досетки на Данела, таа треба да почне да плаќа тоа што троши, а не да фабрикува хаос со нејзините пријатели од ДУИ и СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека компанијата „Пуцко Петрол“ која попладнево прекина да го снабдува ЈСП со нафта е дел од ДУИ.

1,150

Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДСM и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста во врска со наводите на Град Скопје дека попладнево компнијата „Пуцко Петрол“ ја прекина испораката на нафта за ЈСП Скопје и дека, наводно сопственикот на „Пуцко петрол“ се  приклучува во обидите за креирање хаос во Скопје.

Реагирајќи на соопштението, ВМРО-ДПМНЕ порачува:






„1. Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати.

2. Пуцко Петрол е дел од ДУИ, со кои таа е во коалиција.

3. Пуцко Петрол е дел од постапка за која беше и во притвор, и тоа говори колку оваа власт сака да расчисти со такви структури. А од притвор го спасија менторите на Арсовска, судиите на СДСM и ДУИ.

4. Против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара.

Не поминуваат детските досетки на Данела, таа треба да почне да плаќа тоа што троши, а не да фабрикува хаос со нејзините пријатели од ДУИ и СДСМ“.

Со реакција за случајот денеска се јавија и од компанијата „Пуцко Петрол“ велејќи дека Јавното сообраќајно претпријатие ЈПС ѝ должи над 10 милиони евра по фактури стари и над 2 години.

Поврзани содржини