„ДАНЕЛА САМО СО ПРЕВАРА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЛИДЕР НА ПАРТИЈА“ Нејзината тајна коалиција во СДС сега стана јавна, вели ВМРО-ДПМНЕ
Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Данела Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија. СДС и купи партија, а присуството на Зечевиќ и градската администрација кажува многу што е позадината и колку тежи партијата“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија, кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС.
Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија.
Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки.
Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна. Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата. Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.