📽️ ДАНЕЛА ПРВА НАПАДНАЛА, ПОЛИЦАЈЦИ ВЕДНАШ РЕАГИРАА?! Снимка од надзорна камера покажува друга верзија на настанот

7,794

Од снимка од надзорна камера се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир. Таа со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон.

 






Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот.

Таа пак, денеска обвини дека пред очи на полицајци напаѓачот ја удирал со клоци и и се заканувал дека ќе ја силува.

Арсовска нападот не го пријави во МВР, туку после инцидентот се упати кон Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар.

За нападот при посета на дивоградба во скопски Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево за телевизија Телма рече дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.

 

 

Поврзани содржини