ДАНЕЛА, ПРИСТИГНУВААТ БАГЕРИТЕ, АСФАЛТЕРКИТЕ… Вработените во „Улици и патишта“ најавија штрајк пред Град Скопје

Причините за актуелната криза вклучуваат презадолжување на претпријатието кон добавувачите на материјали, кое достигнува сума од 240 милиони денари. Вработените тврдат дека, покрај неплаќањето на долгот, се врши селективно плаќање на фирми блиски до властите, како што се секретарот и градоначалничката.

775

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ – Скопје најавуваат штрајк пред Град Скопје поради сериозни проблеми со исплата на платите, но не откриваат кога ќе се одржи протестот. Како што наведуваат во соопштението, претпријатието се соочува со значајни финансиски проблеми, кои вклучуваат презадолжување и блокирани сметки.

„Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров и поранешниот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно се соочува со сериозни проблеми во исплатата на личните доходи на вработените“, се наведува во соопштението.






Причините за актуелната криза вклучуваат презадолжување на претпријатието кон добавувачите на материјали, кое достигнува сума од 240 милиони денари. Вработените тврдат дека покрај неплаќањето на долгот, се врши селективно плаќање на фирми блиски до властите, како што се секретарот и градоначалничката. Дополнително, сметката на претпријатието е блокирана со 10 милиони денари, а извршни решенија за вкупно 40 милиони денари ќе стапат на сила во наредниот период.

Во текот на кризата, работата на претпријатието е дополнително нарушена поради недостиг на основни средства за работа, како што се нафта, ризла и рабници. Ова се случува поради неплаќањето на обврските кон добавувачите, што доведува до прекини во испораката на потребните материјали. Вработените, исто така, посочуваат дека градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци, што ја отежнува нивната работа.

– Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје, кога вработените ќе дојдат со целата механизација – најавуваат од претпријатието.

Поврзани содржини