ДАНЕЛА Ѝ ПОСТАВУВА ПРЕДИЗВИК НА ОПОЗИЦИЈАТА „Сакавте хаос? Ајде да направиме чистка“

Од Град Скопје ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на град Скопје да предложат точка на дневен ред со цел промена на 350 членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи на град Скопје кои се поставени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

1,585

Кога веќе сакаат да зборуваат за создавање на хаос во институциите, ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на град Скопје да предложат точка на дневен ред со цел промена на 350 членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи на град Скопје кои се поставени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Град Скопје на последното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога веќе сакаат да зборуваат за создавање на хаос во институциите, ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на град Скопје да предложат точка на дневен ред со цел промена на 350 членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи на град Скопје кои се поставени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ – велат од Град Скопје.






Оттаму истакнуваат дека жалат што мораат да констатираат, но ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не може да излезе од традиционалната матрица на партизација на институциите со кои управуваат.

– Градот Скопје назначува кадри на раководни функции исклучиво согласно професионалните референци, образование и искуство. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од партиската логика дека институциите треба да ги водат само партиски кадри, не значи дека и другите се водат од истата логика – стои во соопштението.

Претходно преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека коалицијата на СДС со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот кој му се  случува на Град Скопје. СДС и ДУИ кои поинаку и не знаат да работат под своја контрола си ја зедоа Арсовска, а на помош им дојде и Левица во урнисувањето и безредието во Скопје.

– Нула работа и еден куп стопирани проекти, долгови и матни тендер зделки е сликата која ја создава оваа крими коалиција, а за жал сето тоа оди на штета на скопјани, но и на цела држава. Наместо реализација на ветувањата и проекти за подобар град, скопјани на товар добија криминални тендери договарани на тајните средби на Тачела коалицијата. А дека функционира оваа коалиција јавноста се увери кога Ковачевски јавно застана во одбрана на Арсовска синхронизирано користејќи истите нејзини тези. Додека пак Ковачевски е нападнат, Арсовска излегува со лаги за дефокус на јавноста – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо бесплатен превоз, скопјани добија се поретки автобуси, но затоа Арсовска и Ковачевски си договорија криминален договор за набавка на нафта од неколку милиони евра без рабат и попуст какви имале сите претходно договори. А покрај тоа се трошат и  милионски суми за консултантски услуги.

– Од овој колач се офајдуваат и ДУИ и Левица кои им помагаат во нефункционирање на градот и кои глумат дека стојат на страна, а всушност се дел од коалицијата која го создава хаосот. Левица и ДУИ ништо не прават за добро на градот, напротив помагаат истиот да се уништува. Доказ за оваа коалиција се и директорските места кои ги споделуваат заедно со ГРОМ – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини