ДАНЕЛА ПАК БЕГА ОД ПРАШАЊАТА НА ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ Кога ѝ гори под нозете, бара поддршка од нив, а кога треба да ја прашуваат – бега!

Седницата на Советот на Град Скопје закажана за поставување пратенички птрашања пропадна, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не се појави. Не ѝ е прв пат...

827

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по којзнае кој пат не се појави на седницата на Советот на Град Скопје, каде што беше закажана седница на која советниците треба да ѝ поставуваат прашања.

На 52-рата седница на Советот, која беше со една точка на дневен ред, поставување советнички прашања, не беше обезбедено присуство на градоначалничката.






Советниците од СДСМ се откажаа од работа, оти, како што велат, нема поента да прашуваат што било, кога Арсовска ја нема да одговори.

– Советничките прашања се седница каде се поставуваат прашања до градоначалникот. Ако тој не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата – советничката од СДСМ, Љубица Јанчева.

По реакцијата на Јанчева, претседателот на Советот, Трајко Славески, даде пауза од 10 минути за да ја побара Арсовска.

– Стандардна е процедурата да ја повикам градоначалничката да дојде во салата, бидејќи се бара нејзино присуство – рече Славески.

По завршувањето на паузата, Арсовска не се појави во салата за да одговара на советнички прашања. Советничката Јанчева повторно реагираше до претседателот Славески, дека ќе ја напуштат салата бидејќи Арсовска ја нема.

– Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве охрабрувам сепак да поставувате советнички прашања во писмена форма, за што имате право, до градоначалничката, секретарот и до сите служби и да да барате одговори. Се надевам дека во скоро време Арсовска ќе се појави за да имаме седница за советнички прашања – рече Славески.

Арсовска е во постојана караница со советниците во Градот. Дел од нив неколку пати ѝ укажаа дека непочитувањето на Советот е непочитување на жителите на Скопје, но и дека немаат намера да ја поддржат доколку не се појавува да образложи постапки и да каже детални решенија. И претходно Арсовска со месеци не се појавуваше на седниците за советнички прашања, ускратувајќи им го правото на советниците да ја прашуваат за теми кои се во интерес на скопјани.

Поврзани содржини