ДАНЕЛА, КАДЕ СЕ НАШИТЕ ПЛАТИ? Образовните асистенти од Град Скопје си ги бараат заостанатите финансиски средства
Претходно, преку соопштение образовните асистенти информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.
Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два.
Како што информира Илина Додева, денеска им било ветено дека парите ќе им бидат исплатени.
– Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни ветија дека има можност денеска до 14 часот да пуштат плата, ако не биде денеска, најдоцна до 14 часот до утре – изјави за МИА, Додева.
Претходно, преку соопштение тие информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.
– На тој состанок ни објаснија дека Буџетот на Град Скопје за 2024 сѐ уште не е изгласан и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница. Нѐ замолија да почекаме до 14 март, дека тогаш ќе се изгласа буџетот и веднаш ќе бидат исплатени средствата за веќе двата заостанати месеци – појаснуваат образовните асистенти.
Велат дека по изгласувањето на буџетот, им кажале дека треба да се чекаат уште седум дена за одлуката да излезе во Службен весник и веднаш потоа ќе бидат исплатени парите.
– Помина половина месец од тогаш. Сѐ уште немаме добиено ниту денар од Град Скопје – велат образовните асистенти.