ДАНЕЛА ИМ СЕ НАЛУТИ НА МЕДИУМИТЕ, А БОГАМИ И НА КОМАРЦИТЕ Утре ќе има авионско прскање против ларви

Од Градот обвинуваат дека имало оркестриран напад врз Скопје околу дезинсекцијата, а за сите други општини се молчи иако дел сѐ уште ни постапки немаат отпочнато.

492

„Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.05.2024 година (сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“.

Од Градот обвинуваат дека имало оркестриран напад врз Скопје околу дезинсекцијата, а за сите други општини се молчи иако дел сѐ уште ни постапки немаат отпочнато.






„Се замолуваат засегнатите кои во изминатите неколку дена подгреваа тензии со дезинформации, со цел наштетување на Градот Скопје, да ги информираат граѓаните дека градот Скопје е меѓу првите во Македонија кои навремено ја врши дезинсекцијата во согласност со тоа кога го дозволуваат временските услови за истото бидејќи кога времето е нестабилно и врнежливо истото не се спроведува“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Инаку минатата година првото прскање против ларви беше извршено на 12 април.

СЕЛО ГОРИ, ДАНЕЛА СЕ ЧЕША Прскањето доцни цел месец, спремете се за војна со комарците!

Поврзани содржини