ДАНЕЛА ГИ ИЗЛАЖА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП Платите денеска не легнаа на нивните сметки
Плата и денеска нема, никој за нас не се грижи, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените, споделија со Плусинфо неколкумина вработени во ЈСП.
„Оваа година повеќе нема да се грижите за платите, парите утре ќе ви легнат на вашите сметки“, со овие зборови градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне им ја соопшти информацијата на 50-та вработени во ЈСП Скопје го чекаа исходот од вчерашната втора вонредна седница.
Но, според информациите до кои дојде Плусинфо од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот пари на нивните сметки нема.
– Плата и денеска нема, никој за нас не се грижи, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените – споделија со Плусинфо неколкумина вработени во ЈСП.
Вработените во ЈСП кои вчера беа пред бараките на Град Скопје дури негодуваа дека ќе почнат да возат без разлика каков ќе биде исходот на двете вонредни седници на Советот, велејќи дека нема да седнат зад волан додека парите не ги видат на нивните сметки.
Но, во договорот меѓу директорот на ЈСП Крсте Петревски и двајцата претставници на синдикатите, Миќо Стојановски и Африм Муча, вчера беше одлучено автобусите на ЈСП да се вратат во сообраќај од 17 часот, а веќе од денеска тие нормално да сообраќаат од 4:45 часот, при што им беше гарантирано дека плата ќе има во текот на денешниот ден.
Засега немаме точна информација зошто доцни платат на вработените во ЈСП Скопје и не е познато дали тие ќе ја добијат во текот утрешниот ден.