ДАНЕЛА ЌЕ ПОБЕДИ, ТАА МОЖЕ ДА ОБЕДИНИ Мицкоски уверен во победа во Скопје
На нашата прва средба со Данела Арсовска, во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава, на анкетите го препознавме и увидовме потенцијалот којшто таа го поседува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во гостување на ТВ Шења, а во врска со избраните кандидати и изборот за поддршка на Данела Арсовска како кандидат за градоначалник на Град Скопје, истакна дека кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ е вистински победник и препознаена како човек кој може да обедини и да направи суштински промени во Скопје.
– На нашата прва средба со Данела Арсовска, во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава, на анкетите го препознавме и увидовме потенцијалот којшто таа го поседува, зборувам нумерички во поддршката која ја ужива кај граѓаните и тоа кај оние граѓани кои се надвор од партиските матрици, без разлика дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или друга партија, зборувам и за оние кои не се сигурни во кого би гласале, како и во оние етникуми кои се различни од македонскиот, а се дел од градот Скопје, тие препознаа човек кој може да обедини – истакна Мицкоски.
Тој вели дека сето ова го мотивирало ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ги гради односите со кандидатката за градоначалник, која е дел од тимот на обучувачи на кадрите од земјите Г20 групата на најразвиените земји во светот, и кога сето ова ќе се стави во нејзиниот профил таа е вистински победник, посочи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека денес во Парламентот пратеничката група се состои и од пратеници на коишто им е прв мандат.
Тој посочи дека ако се погледнат кандидатите за градоначалници може да се увиди дека повеќе од 95 отсто за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните во општините во коишто тие се кандидираат.
– Ако ја погледнете структурата на ВМРО-ДПМНЕ комисиите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, ако ги погледате општинските комитети ќе видете дека тоа се луѓе коишто за прв пат се дел од тие структури – рече Мицкоски.
Лидерот на опозициската партија укажа дека со овие локални избори заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ.