ДАНЕЛА ДОНИРА ЕДНА ПЛАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МЛАДИОТ ЛЕО Ги повика и советниците да издвојат по еден месечен паушал
Од денеска Град Скопје започнува хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот, а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска испрати иницијатива до Советот на Град Скопје за свикување итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов, информира Одделението за односи со јавност при Град Скопје.
Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
Од денеска Град Скопје започнува хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот, а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.
„Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост.
Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција. Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост“ – се вели во објавата на Одделението за односи со јавност на Град Скопје.