ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Инфлуенсерката Јорданка Ивановски Јоци тврди дека финсниската полиција со месеци ја истражува градоначалничката Данела Арсовска. Бесна поради овие наводи, Данела се нафрли и на неа и на градоначалникот на Кисела Вода. Пред крајот на мандатот, скопската градоначалничка е во војна со сите.

20,174

Во стилот на „Ана четири пиштоља“, скопската градоначалничка Данела Арсовска пред крајот на мандатот буквално стрела на сите страни и е во војна со сите. Почна со многу сериозни обвинувања за Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир, а еве, сега се впушта и во отворена и жестока кавга со инфлуенсерката Јорданка Ивановска Јоци.

Јоци во средата на Фејсбук објави пост за „заложничка драма“ во ЈП Комунална хигиена, каде што влегла финансиска контрола и затоа вработените не можеле ни да излезат ни да влезат во објектот.






„Данела, Арсовска која патем со месеци ја истражува финансиска полиција токму во ова претпријатие, нешто пред 11 часот отишла во посета во седиштето во Автокоманда, а капијата била затворена за било каков излез – до 16.30 часот“, пишува Јоци.

„Арсовска – додава инфлуенсерката – извадена од колосек поради финансиската контрола и сомнежите за голем криминал во Комунална, веќе не ги контролира своите постапки и агресија. Арсовска тоне ли тоне… Некои вработени коментираат коментираат како сакала да бега од земјава набрзо со чешкиот пасош“.

Ден потоа, во четвртокот, Данела Арсовска на Фејсбук ја прокоментира објавата на поранешната новинарка Јорданка Ивановска.

„Jоци по наредба на Орце Самка Ѓоргиевски пишува нарачки по социјалниве мрежи. Орце, бидејќи задкулисно правиш нарачки против сите кои ти сметаат, еве да ти се обратам лично!

Ти може ќе бидеш кандидат за град Скопје, може не, може имаш криминал, може не ама јас истраги од финансова полиција немам. Да имав било каква постапка до сега и СДСМ и вашата Мицковистичка ВМРО ќе ме однесеа во затвор за 5 минути, точно за толку време колку ви треба да искуцате наредба за апсење, многу сте јаки.

Е сега, бидејќи сум на Конгресот на Совет на Европа известувач и портпарол за справување со корупција, сакам да ти порачам да не брзаш преку ред, остави го Висар да се дозаплетка со криминалот и фалсификатите за дивоградбите, па ќе преминеме на Кисела Вода“.

Ова се постовите на Јоци и на Данела:

Поврзани содржини