ДАНЕЛА АРСОВСКА ВО ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ПЕРИНСКИ Градоначалничката во клинч со разрешениот директор (ВИДЕО)

На прес-конференцијата на Златко Перински неочекувано се појави градоначалничката Данела Арсовска која започна да му контрира на разрешениот директор. Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.

3,768

Златко Перински, разрешениот директор на скопски „Водовод“ денеска одржа прес-конференција по повод негото разрешување, а на прес-конференцијата неочекувано се појави и градоначалничката Данела Арсовска која започна да му контрира на Перински.

Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.






– Во изминатите месеци немаме добиено никаква информација во која насока се движат работите за изградба на пречистителна станица. Перински еднаш менуваше комисија, а сега не сака да смени. Нашите сомнежи се сериозни дека се влијаело врз постапката и затоа ќе ги поднесеме кривична пријава во соодветното Обвинителство – рече Арсовска не кажувајќи за кое дело ќе поднесе кривична пријава, пренесе СДК.

Арсовска не кажа како точно ќе продолжи овој проект, дали денеска ќе се отворат понудите или, пак, постапката ќе се поништи и ќе се распише нов тендер.

– Јас не знам која е другата фирма, ниту за нешто во овој процес сум информирана. Сè што знам е дека Град Скопје е држен во темница – рече Арсовска.

Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на „Водовод“ со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.

Арсовска го обвинува Перински дека правел злоупотреби во проектот и дека ќе поднесе кривични пријави против него. Перински, пак, тврди дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР и дека имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.

Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.

Поврзани содржини