ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕ „ПОТПРЕ“ НА КАДРИ ОД ДУИ? Двајца од именуваните директори се дел од фракцијата која е против Артан Груби

Новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухер Реџепи е син на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, објави ТВ21.

1,668

 

Меѓу петте новоименувани в.д. директори во јавните претпријатија на Град Скопје паѓаат во очи двајца кои се од редовите на ДУИ и кои се блиски до функционерите на таканаречената „Огнена група“, тврди ТВ 21.






Саид Саиди, кој е именуван за директор на ЈП „Улици и патишта“, според јавните фотографии на неговиот Фејсбук профил, доаѓа од огранокот на ДУИ во Чаир. Од друга страна, за директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е именуван Зухејр Реџепи. Тој доаѓа од огранокот на ДУИ во Сарај, додека на јавните фотографии на неговиот Фејсбук има заедничка фотографија со незадоволните членови на ДУИ – Муса Џафери и Блерим Беџети. Инаку, новиот директор Реџепи е син на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, објави ТВ21.

Останатите тројца нови директори кои денеска беа именувани се Радмила Пешева во ЈП „Лајка“, Крсте Петревски во „Паркинзи“, а за директор на „Дрисла“ е назначен Александар Кузинаков. Директорката Косана Мазнева ќе продолжи да раководи со „Комунална хигиена“, со ЈСП, Александар Стојковски, а на раководната позиција на „Водовод“ останува Марјан Митевски.

Поврзани содржини