ДАНЕЛА АРСОВСКА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВА АЛЕРНАТИВА Утре ќе биде промовирана на конвенција

Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска – се вели во поканата.

929

Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива е најавена за утревечер во Скопје.

Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотелот „Континентал“ со почеток во 18 часот.






– Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканата за конвенцијата од партијата.

Арсовска претходно во телевизиско интервју информираше дека се подготвува да формира политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

ДАНЕЛА ЈА ПРЕЗЕМА ПАРТИЈАТА НА ОРОВЧАНЕЦ? Скопската градоначалничка засега не ги открива своите планови

Поврзани содржини