ДАНЕЛА АРСОВСКА НЕ Е ПОЛИТИЧАР И НИКОМУ НЕ МУ ДОЛЖИ На Скопје му треба менаџер, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ВИДЕО

Данела е гласот на независните луѓе, но и човек кој знае да обединува од сите партии, од сите групации, но и да предводи. Заокружувањето на бројот 82 на гласачкото ливче за градоначалник на Скопје ќе значи поддршка на Данела за Скопје, за градоначалник кој ќе создава модерен град, град кој ќе биде поврзан, кој ќе комуницира, и кој ќе биде средиште на настани и случувања - порача Мицкоски.

828

 Скопје заслужува градоначалник кој ќе гледа на градот како на свој дом, а не човек преполн со неоправдана ароганција, самобендисаност чија неработа само ги продлабочува проблемите. Денес Скопје е замрено, со Скопје се експериментира, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Скопје.

– Шилегов на градот гледа како на банка од која се печали за уште некоја куќа, некој стан или зграда повеќе на личното конто. На овој град не му треба Шилегов, а гледаме дека на Шилегов и те како му треба Скопје, и само затоа што без него нема да има повеќе лукративни бизниси и имот кој се дуплира секоја година повеќе. На Скопје му треба работник, човек кој е спротивност на тоа што е Шилегов. Ветуваа многу и излажаа. Ќаруваат и од асфалтот со кој ги крпат дупките, затоа што цените им се двојно поголеми. А, најгласни беа кога велеа дека нема да се гради повеќе неплански и дека ќе имало мораториум – рече Мицкоски.






Не е невозможно да се сопре пренагласената урбанизација и зградите кои никнуваат сè повеќе, додаде тој,  потребно е само да се разбие пактот меѓу криминалните структури и политичарите, кога криминалците веќе нема да бидат едно исто со политичарите кои за пари им овозможуваат привилегии на првите, таа комбинација е погубна за народот чиј епилог го гледаме секој ден во бетонот кој се издига.

– Данела Арсовска не е политичар, и никому не должи, и нема потреба да станува успешна преку функцијата на која претендира. На градот му е неопходен менаџер кој ќе решава проблеми, а не градски татко кој ќе ги става под тепих. Данела е гласот на независните луѓе, но и човек кој знае да обединува од сите партии, од сите групации, но и да предводи. Заокружувањето на бројот 82 на гласачкото ливче за градоначалник на Скопје ќе значи поддршка на Данела за Скопје, за градоначалник кој ќе создава модерен град, град кој ќе биде поврзан, кој ќе комуницира, и кој ќе биде средиште на настани и случувања – порача Мицкоски.

Според него, советничката листа во Скопје ја предводи професор доктор Трајко Славески под бројот 7, искусен човек, докажан професионалец, кој со Данела ќе бидат одличен тим и добитна комбинација за развој на градот.

– За Скопје кое е поврзано, за Скопје кое е зелено, кое има модерни сообраќајни решенија, почист воздух и запрена бетонизација. Се бориме за модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно – рече Мицкоски.

Поврзани содржини