ДАНЕЛА АРСОВСКА НА УДАР НА ЦРНАТА ПРОПАГАНДА Ги демантираше обвинувањата на СДСМ дека има бугарско државјанство

СДСМ ја обвини Данела Арсовска дека поседува бугарско државјанство и лиферуваше фотографија од документ за тоа, на кој стои името Даниела, а не Данела.

3,997

Во интервју за ТВ24, Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, демантираше дека има бугарско државјанство.

Претходно, во текот на денот, како кулминација на црната пропаганда против неа, СДСМ ја обвини дека поседува бугарско државјанство и лиферуваше фотографија од документ за тоа, на кој стои името Даниела, а не Данела.






ВМРО-ДПМНЕ исто така се огласи со демант, во кој, меѓу другото, се вели дека СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска.

„Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучително и таа во која СДСМ вмешува членови напотесното семејство на Арсовска, нема да им помогне да го избегнат поразот во вториот круг“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во демантот.

Поврзани содржини