ДАНЕЛА АРСОВСКА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Животните секојдневно умираат во мачилиштето ЗОО Скопје
Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборави и на животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште, соопшти Либрално демократската партија.
Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа, соопшти Либерално демократската партија.
„Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат.
За хаосот кој владее, треба да се има и чин на морална одговорност – оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност по сопствена одлука да ги поставува директорите на градските институции вклучително и на ЗОО, која е подолго време оставена сама на себе.
Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборави и на животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.
Веќе неколкупати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата и лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип.
Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на партијата.