ДАНЕЛА АРСОВСКА ЈА РАЗРЕШИ КОСАНА МАЗНЕВА-НИКОЛИЌ Смена на врвот на „Комунална хигиена“

Разрешувањето доаѓа три месеци по протестите во „Комунална хигиена“ кога Арсовска ја фалеше директорката Мазнева-Николиќ дека е храбра жена која се спротивставува на мафијаши.

946

Градоначалничката Данела Арсовска ја разреши од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место за в.д. директор е поставен Гоце Трајковски објави Сдк.мк.

Разрешувањето на Мазнева-Николиќ доаѓа три месеци по протестите во „Комунална хигиена“ кога Арсовска ја фалеше дека е храбра жена која се спротивставува на мафијаши. Таа пред четири месеци потпиша менаџерски договор со Град Скопје.






Арсовска тогаш изјави дека Мазнева-Николиќ направила „нешто што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече дека во ова јавно претпријатие луѓе не оделе на работа со години, возеле камиони во Германија, а земале плата.
Арсовска ја назначи Мазнева-Николиќ за директорка на „Комунална хигиена“ лани во јули, на местото на Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

Поврзани содржини