ДАНЕЛА ЈА ПРЕТВОРИ СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ВО ХОРОР ФИЛМ Евтаназијата на животните е постапка по сите стандардизации
Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и на хорор филмови. Доста Арсовска, поддржана од СДСМ, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите. На неспособната Арсовска ѝ се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следува и одговорност, изјави советникот во Советот на Град Скопје, Стефан Кирков.
„Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип“.
Ова го изјави советникот во Советот на Град Скопје, Стефан Кирков.
– Данела Арсовска, заедно со коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, со кои ги тера сите матни зделки, се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДСМ, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено што требаше да направи е само да назначи професионалец. Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти – изјави Кирков.
Сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката, вели советникот на Советот на Град Скопје, ќе се случеше катастрофа од невидени размери.
– Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа се пред сѐ, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално – изјави тој.
Постапката со евтаназија на животните, кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот, вели Кирков, е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од регулативите во ЕАЗА, Европската Асоцијација на зоолошки и аквариуми.
– Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и на хорор филмови. Доста Арсовска, поддржана од СДСМ, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите. На неспособната Арсовска ѝ се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следува и одговорност! – додаде тој.