📷 ДАНЕЛА ЈА ДОБИ ТИТУЛАТА „DOCTOR HONORIS CAUSA“ Арсовска е наградена за придонесот во економијата и социјалниот активизам

Признанието беше доделено на свечена церемонија во рамките на престижниот состанок на градоначалници од B40 мрежата, која обединува 80 балкански градови. На настанот присуствуваа академици, амбасадори, политичари и дипломати од целиот регион.

1,677

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше наградена со титулата „Doctor Honoris Causa“ на Медитеранскиот универзитет за нејзиниот значаен придонес во економијата и социјалниот активизам.

Признанието беше доделено на свечена церемонија во рамките на престижниот состанок на градоначалници од B40 мрежата, која обединува 80 балкански градови. На настанот присуствуваа академици, амбасадори, политичари и дипломати од целиот регион.






Претседателот на Универзитетот, академик проф. д-р Анастас Анѓели, во своето обраќање истакна дека инклузивноста и почитта кон различностите се основа за одржлив развој и општествен напредок. Со оваа титула, Арсовска се приклучи на редот на истакнати личности како генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Покрај ова признание, Арсовска учествуваше на состанокот на Извршниот одбор на B40 мрежата, каде беа донесени одлуки за нови заеднички проекти меѓу градовите во регионот. Еден од проектите, најавен во соработка со експерти од САД и Велика Британија, ќе се фокусира на иновативни решенија за предизвиците што ги делат балканските градови.

– Оваа титула не е само лична чест, туку и признание за нашите заеднички напори во создавањето на подобра иднина за граѓаните на Скопје и целиот регион – изјави Арсовска, додавајќи дека ваквите настани го истакнуваат значењето на регионалната соработка.

Поврзани содржини