Даниловски: Ако мислите дека ова е глума, погледнете како умираат болните од ковид-19

1,155

Сите оние што не веруваат, што мислат дека ова е некаков театар на светско ниво, глума, јас само ќе ги повикам нека појдат на Инфективна нека погледнат како изгледаат болните од ковид-19 и како се умира од коронавирус. Не сакам патетика да продавам, но тоа е тоа, рече епидемиологот Драган Даниловски во денешното гостување на ТВ 24.

Во емисијата „Отворено студио“ тој рече поради тоа што веднаш не се затворија границите на државата се создадоа жаришта како што беше во Дебар.






– Преземавме и ние рестриктивни мерки, затворивме граници ама не ги затворивме веднаш наполно. Наводно не сме смееле по Устав, наши граѓани, наши државјани да спречиме да влезат во сопствената татковина. Ок, тоа на некој начин јас би рекол од епидемиолошка гледна точка, некој ќе рече несоодветно се изразувам, но исклучиво од епидемиолошка гледна точка, не од аспект на почитувањето на човековите права, уставни слободи итн. Тоа од епидемиолошка гледна точка ни се одрази како што ни се одрази – појасни Даниловски.

Поврзани содржини