Дамиано Давид, фронтменот на италијанската група „Манескин“ која победи на Евровизија, со својот ексцентричен изглед, го привлече вниманието на целиот свет.
Имено, познато е дека пејачот често ги шокира своите обожаватели со експлицитни фотографии, а сега отиде чекор подалеку.
Дамиано објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде е целосно гол, а со топката го покрил интимното подрачје и напишал: „Топката е живот“.
View this post on Instagram
По објавувањето на фотографијата, следбениците почнаа да го коментираат фронтменот и неговата храброст: „Жежок“, „Како можеш да бидеш толку секси“, се само дел од коментарите на заведените обожаватели.
Да потсетиме дека групата Манескин, по снимањето на видеото за песната „I Wanna Be Your Slave“, објави на нивниот официјален профил на Инстаграм поексплицитни фотографии направени на сетот, во кои екипата се бакнува, лиже и допира.
„Не пријавувајте нѐ како пресекси“, стоеше тогаш во описот на објавата.
Тие објавија и фотографија од базенот на Инстаграм каде нивната басистка Викторија Де Анџелис позира без горниот дел од костимот за капење.
ФОТО: Инстаграм