ДАМИАНО ДАВИД СОСЕМА ГОЛ ЧЕСТИТАШЕ БОЖИЌ Дали овој пат пејачот претера? (ФОТО)
Дамиано со своите пет милиони следбеници сподели фотографија на која позира целосно гол.
Фронтменот на италијанскиот бенд „Манескин“, кој годинава победија на Евровизија, Дамиано Давид (22) објави божиќна честитка на Инстаграм.
Дамиано со своите пет милиони следбеници сподели фотографија на која позира целосно гол. На интимните делови ставил емотикон од Дедо Мраз, а носел и новогодишна капа.
На фотографијата музичарот в раце го држи својот домашен миленик, мачорот Лего.
„Среќен Божиќ на сите. Јас и Лего“, напишал Дамиано покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Во коментарите на фотографијата, која им се допаднала речиси 1,4 милиони луѓе, следбениците возвратиле на неговите желби.
Но, голем број од неговите обожаватели мислат дека сексапилниот Дамиано овој пат претерал со фотографијата, со која гол честита празник како што е Божиќ.
Групата „Манескин“ годинава ја однесе победата на Евровизија, а потоа стана планетарно популарна. Дамиано и членовите на бендот победија на Евровизија со изведбата на песната „Zitti E Buoni“.
ФОТО: Инстаграм