ДАЛМАТИНСКА КОНОБА, МАКЕДОНСКИ ГОТВАЧ Дејан Карапеев прави традиционални далматински јадења во Диоклецијановата палата
Најмладиот од најпознатите македонски шефови, 31-годишниот Дејан Карапеев, од летово е партнер во коноба „Корта“ сместена во срцето на Сплит, поточно, во Диоклецијановата палата, кадешто ги враќа на трпеза автентичните далматински јадења направени по традиционални рецепти, а модифицирани со по некој магичен потег ала Карапеев
Нашиот најмлад шеф кој веќе со години е успешен надвор од Македонија, а досега многупати достојно ги одбранил боите на Македонија на многу меѓународни гастрономски натпревари, си го најде своето место под сонцето. И тоа буквално под сонцето, на едно од најсончевите места, помеѓу древните ѕидини на Диоклецијановата палата, во Сплит, токму над подрумите кадешто беше гнездото на змаевите во планетарно популарната и најгледаната серија на сите времиња „Игра на престолите“ („Game of Thrones”).
Чисто информативно, за да знете каде е лоцирана коноба „Корта“, кадешто од годинава рамноправен партнер, но и шеф на кујна е нашиот Дејан, палатата на Диоклецијан е на листата на светско наследство на УНЕСКО. Ова здание е старо повеќе од 1700 години, изградена од царот Диоклецијан во 3 век од нашата ера. Во времето кога бил изграден, градот Сплит не постоел, но подоцна бил изграден околу палатата, па денес тоа е срцето на стариот Сплит, каде што може да се најдат најважните историски градби, какви што во внатрешноста на палатата се црквата Свети Дује и храмот на Јупитер.
И во дворот на коноба „Корта“ исто така има една црква, онаа на Св. Филип Нери, кадешто, како што вели Дејан, се одржуваат многу венчавки и кризми (Потврда или кризма е Света тајна на Светиот Дух).
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.