ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ТЕСТЕНИНИТЕ ИМААТ СВОЈ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН? Рецепт за таљатели со солени лимони и инчуни

Замислете го ова – чинија полна со фини тестенини и богат сос од домати, или шпагети карбонара, неизбежното болоњезе, кремаст сос со пармезан и печурки прелиен врз папардели, фетучини со пилешко во сочен сос или таљатели со солени лимони и инчуни… Ако не денес, кога?!

97

Секој голем настан за човештвото има свој ден кога се одбележува, односно се слави успехот постигнат по тој повод. Така, имаме Ден на жената, Ден на шегата, Ден на трудот и други, па зошто да не го имаме и денот на најпродаваниот и најомилениот прехранбен производ во светот – Денот на тестенините?
Светскиот ден на тестенините се одбележува секој 25 октомври, почнувајќи од 1995 година.
Замислете го ова – чинија полна со фини тестенини и богат сос од домати, или шпагети карбонара, неизбежното болоњезе, кремаст сос со пармезан и печурки прелиен врз папардели, фетучини со пилешко во сочен сос…






Има бескрајна листа на омилени јадења во кои главна ѕвезда се неодоливите тестенини.

Само да знаете, тестенините доаѓаат во повеќе од 600 различни форми ширум светот.

Најпознати се италијанските – шпагети, вермичели, фусили, тортелини, лингвини, фетучини, пене…, Германците имаат шпецле, Кинезите чоу меин, Јапонците – соба нудли…, но и ние ги имаме нашите јуфки.

Прочитајте повеќе и побарајте го рецептот за таљатели со солени лимони и инчуни, на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини