ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗА ДРВОТО ШТО РАЃА ШПАГЕТИ И ЗА ХАМБУРГЕРИТЕ ЗА ЛЕВАЦИ? Некои од најдобрите првоаприлски шеги
На 1 април 1957 година, Би-Би-Си прикажале репортажа за едно семејство од Тичино, Швајцарија, кое одгледува дрвја- шпагети. Гледачите го преплавиле Би-Би-Си со писма и телефонски повици по емисијата. Сакале да знаат каде можат да набават шпагети-стебло!
Според традицијата во многу земји, на 1 април, луѓето можат да се шегуваат со другите до пладне, но ако го направат ова после тоа време, тогаш самите стануваат „априлски луди“.
Следејќи ја традицијата, многу медиумски куќи, компании, веб-страници и други шегобијци во светот се јавувале со разни првоаприлски шеги – од смешни до апсурдни, па во последните години се појави вест дека Дејвид Бекам се приклучил на австралиската фудбалска репрезентација, па шегата во времето на поранешниот француски претседател Никола Саркози, дека поднел неотповиклива оставка, потоа дека Канада купила половина Хаваи итн.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.