🎥 ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЧИЈ СИН Е ОВА? Секој ден сѐ повеќе личи на својот славен татко!

17-годишниот син на Анџелина Џоли и Бред Пит е сè посериозен во врска со тренирањето Муај Таи, односно или „Тајландски бокс“ и го гради својот пат далеку од светлата на рефлекторите

151

Секогаш кога се појавува во јавност, Нокс Џоли-Пит не останува незабележан. Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит привлекува сè повеќе внимание секоја година, а многумина забележуваат дека неодоливо наликува на својот славен татко од помладите денови.

Седумнаесетгодишниот Нокс неодамна беше фотографиран во Лос Анџелес како влегува во автомобил по тренингот Муај Таи, во лежерна спортска облека што дополнително ја нагласува неговата природна харизма.






Инаку, Муај Таи, или „Тајландски бокс“, е национален боречки спорт од Тајланд познат како „Уметност на осум екстремитети“ поради користењето тупаници, лакти, колена и потколеници во стоечка положба со целосен контакт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Knox jolies (@knoxjolies)

Нокс ретко се појавува во јавност и се држи подалеку од рефлекторите. Иако пораснал во едно од најпознатите холивудски семејства, полека, но сигурно го гради својот идентитет – далеку од црвениот тепих.

Неговите родители ги посвоија Медокс, Пакс и Захара, а тој и неговата сестра близначка Вивиен, како и најстарата, Шајло, се нивни биолошки деца.

Двојката официјално се разведе дури во 2024 година.

Поврзани содржини