ДАЛИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАЛ АТЕНТАТ НАД ИРСКА? Кон неговиот авион се упатиле мистероизни воени дронови
Безбедносни извори претпоставуваат дека целта на дроновите била да го попречат доаѓањето на Зеленски во Даблин, но авионот на Зеленски слетал нешто порано отколку што било планирано.
Четири воени дронови ја пробиле зоната за забрана на летање и се упатиле кон авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, непосредно пред тој во понеделник да слета на аеродромот во Даблин, објави „Телеграф“.
Авионот на Зеленски слетал нешто порано од планираното, околу 23 часот, но според проценките, дроновите би се нашле директно на траекторијата на приодот на претседателскиот авион доколку тој слетал во предвиденото време.
Нерегистрираните беспилотни летала потоа кружеле над брод на Ирската морнарица, кој бил тајно распоредeн во Ирското Море пред првата посета на украинскиот претседател на Ирска.
Извори за „The Journal“ навеле дека дроновите полетале од подрачје североисточно од Даблин и летале околу два часа. Не е познато кој ги лансирал, ниту каде во моментов се наоѓаат.
Безбедносни извори претпоставуваат дека целта на дроновите била да го попречат доаѓањето на Зеленски во Даблин, имајќи предвид дека леталата имале вклучени светла. Тие исто така тврдат дека станува збор за воени дронови и дека инцидентот би можел да се класифицира како облик на хибридно војување. Јавноста претходно била експлицитно предупредена дека за време на претседателската посета важи „зона со забрана за дронови“ над Даблин.
Бери Ендруз, пратеник од партијата Фиана Фол во Европскиот парламент, изјави: „Казнено дело е да се управува со дрон на тоа подрачје без дозвола.“ Тој им се заблагодари на Ирската воздухопловна служба и на полицијата за, како што рече, успешната заштита на претседателот и неговата сопруга, Олена Зеленска.
Европските земји последниве месеци се во зголемена состојба на готовност по серија упади на дронови што доведоа до затворање на аеродроми во Брисел, Данска и Берлин. Русија е обвинета дека ја користи својата „сенка флота“, мрежа од танкери за нафта, за лансирање дронови од отворено море, што во повеќе наврати ги вознемири европските аеродроми и воената инфраструктура.