ДАЛИ ЗАРКО МИЛОШЕВСКИ ЗНАЕЛ ЗА НЕЛЕГАЛНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ВО 2015 ГОДИНА? Стоилковски бара одговори од Ковачевски и од Зечевиќ
УБК во 2015 година беше дел од МВР со полициски овластувања во состав на правосудна полиција да собира докази и гони сторители на кривични дела против државата, а Зарко Милошевски во 2015 година е началник на единицата за екстремизам, односно еден од началниците од тимот на тогашниот директор на УБК, реагираше Наум Стоилковски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ мора да одговорат дали и каква улога имал Зарко Милошевски, новиот директор на АНБ, пулен на Зечевиќ и Ковачевски, во скандалот со нелегалното прислушување во 2015 година, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– УБК во 2015 година беше дел од МВР со полициски овластувања во состав на правосудна полиција да собира докази и гони сторители на кривични дела против државата, а Зарко Милошевски во 2015 година е началник на единицата за екстремизам, односно еден од началниците од тимот на тогашниот директор на УБК. Па Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски како началник во УБК, еден од тимот на директорот, дали знаел за нелегалното прислушување? Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат имало ли пречекорување на законски дозволени рокови за следење на комуникациите од единицата на Зарко Милошевски? Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски, нивниот пулен директор за АНБ, дали тогаш постапувал и дали учествувал во нелегалното прислушување? Дали можеби известил некого за тоа? – прашува Стоилковски.
Во продолжение, тој прашува: Ковачевски и Зечевиќ повторно одмолчеа за што е награден Зарко Милошевски со директорското место во АНБ и дали е тоа за државјанството за Онишченко?
– Одмолчеа и на прашањата за улогата на Зарко Милошевски на 9-ти мај 2015 година и дали е негова одговорноста за лошата проценка на УБК каде што Зарко е началник на единицата за екстремизам? Молкот за овие прашања повторно фрла сенка и гради недоверба во безбедносниот систем и него го прави порозен! Македонија тоне од криза во криза, заради партизација на клучните институции, криминалот и високата корупција – вели Стоилковски.