ДАЛИ ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА СЕ ШИРИ ТУБЕРКУЛОЗА? Менаџментот на ЗОО Скопје целосно потфрли, обвинува ВМРО-ДПМЕ
Пред месец и половина, во скопската зоолошка градина починаа 3 лами од болеста туберкулоза, кај уште 2 е потврдена истата инфекција, се додава во соопштението, а пред 3 дена од туберкулоза почина и младо мајмунче, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Менаџментот на скопската Зоолошка градина и раководството во градот Скопје целосно потфрлија, во градината постојано угинуваат животни поради разни болести, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ЗОО Скопје владее општ хаос, животните се разболуваат и умираат, а никој не ги третира и лекува. Сите инциденти за разболување и угинување на животните, установата ги крие од јавноста, а со тоа го доведува во опасност здравјето на останатите животни, но и на вработенитете и на посетителите. Една од болестите којашто е причина за смртта на голем број животни е туберкулозата, која е заразна болест и претставува вистинска опасност за целата околина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Пред месец и половина, во скопската зоолошка градина починаа 3 лами од болеста туберкулоза, а кај уште 2 е потврдена истата инфекција, се додава во соопштението.
„Но, хаосот не запира тука. Пред 3 дена почина и младото мајмунче од видот гибон, а според патолошкиот наод, повторно се потврдува присуство на туберкулоза, истиот вид зараза како кај ламите. Ова претставува аларм по кој треба итно да се реагира, а менаџментот да понесе одговорност. А ваквите случаи отвораат сериозни прашања колку животни угинаа од оваа болест, колку се загрозени и дали вработените и посетителите се безбедни? Време е за одговорност и за итна реакција“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.