Освен Ким Катрал, кружат информации дека дури и најголемата љубов на Кери Бредшо, Ѕверката, нема да се појави во продолжението на познатата франшиза.
По веста дека Ким Катрал во улогата на Саманта нема да се појави во продолжението на „Сексот и градот“, со наслов „And Just Like That…“, многумина беа разочарани.
Разочарувањето беше уште поголемо кога следеа нови информации, кои ги пренесува „Пејџ сикс“, а тоа е дека Крис Нот нема да се појави во улогата на Мистер Биг – Ѕверката.
Ликот на Џон Џејмс Престон познат под прекарот Ѕверката, кој го толкува Крис Нот, нема да се појави во новата минисерија на „Сексот и градот“ на ХБО. Нот имаше една од главните улоги во серијата и во двата филма на „Сексот и градот“.
Пред неколку години, кога беше актуелна приказната за снимањето на третиот филм, која никогаш не беше реализирана, се раширија гласини дека Ѕверката ќе умре во третиот филм. Крис Нот го негираше тоа, но не објасни зошто Ѕверката нема намера да биде дел од третиот филм.
И Миранда, која ја глуми Синтија Никсон, може да остане без нејзиниот партнер. Имено, Дејвид Ајгенберг, кој го игра сопругот на Миранда, Стив Брејди, не ја потврди свршувачката и во моментов е во преговори со продуцентите.