Дали вакцинираните луѓе сѐ уште можат да го шират вирусот?

Најверојатно ќе биде потребно подолго време за вакцините да го намалат пренесувањето и за популациите да достигнат имунитет на стадо отколку кога новите варијанти на коронавирусот никогаш не би се појавиле.

1,339

Сте ја добиле вакцината за коронавирус, сте чекале две недели вашиот имунолошки систем да одговори на инјекцијата и сега сте целосно вакцинирани. Дали ова значи дека можете да одите низ светот како во старите времиња, без страв од ширење на вирусот? Дебора Фулер е микробиолог на Универзитетот во Вашингтон и работи на вакцини против коронавирус. Таа објаснува што вели науката во врска со преносот по вакцинацијата – и дали новите варијанти можат да ја променат оваа равенка, пишува порталот The Conversation.

Дали вакцинацијата целосно спречува инфекција?






Краткиот одговор е не. Сè уште може да се заразите откако ќе се вакцинирате. Но, вашите шанси да се разболите сериозно се речиси нула.

Многу луѓе мислат дека вакцините дејствуваат како штит, блокирајќи вирус целосно да зарази клетки. Но, во повеќето случаи, лицето кое се вакцинира е заштитено од болести, но не и од инфекција.

Имунолошкиот систем на секоја личност е малку поинаков, така што кога вакцината е 95% ефикасна, тоа значи дека 95% од луѓето кои ќе ја прима вакцината нема да се разболат. Овие луѓе би можеле да бидат целосно заштитени од инфекција, или може да се заразат но да бидат асимптоматски затоа што нивниот имунолошки систем го елиминира вирусот многу брзо. Останатите 5% од вакцинираните луѓе може да се заразат и да се разболат, но многу тешко дека ќе бидат хоспитализирани.

Вакцинацијата не ве штити 100% од тоа да се инфицирате, но во сите случаи му дава на вашиот имунолошки систем огромна помош против коронавирусот. Каков и да е исходот – без разлика дали ќе има целосна заштита од инфекцијата или некое ниво на болеста – ќе поминете подобро ако сте вакацинирани.

Дали инфекцијата секогаш значи пренесување?

Преносот се случува кога доволно вирусни честички од заразено лице ќе влезат во телото на незаразено лице. Во теорија, секој заразен со коронавирус може потенцијално да го пренесе. Но, вакцината ќе ја намали можноста да се случи ова.

Ако вакцинацијата не спречи целосно инфекција, тоа значително ќе ја намали количината на вирус што излегува од вашиот нос и уста – процес наречен пролевање – и ќе го скрати времето кога ќе го пролеете вирусот. Ова е голема работа. Лице кое пролева помалку вирус е помалку веројатно да го пренесе на некој друг.

Се чини дека ова е случај со вакцините за коронавирус. Во неодамнешна студија што допрва треба да се објави, израелски истражувачи тестираа 2.897 вакцинирани луѓе за знаци на инфекција со коронавирус. Повеќето немале вирус што може да се открие, но луѓето кои биле заразени имале една четвртина од количината на вирусот во нивните тела како што имале невакцинирани лица тестирани во период после инфекција.

Помало присуство на коронавирус значи помали шанси за негово ширење, и ако количината на вирус во вашето тело е доволно мала, веројатноста за пренесување може да достигне речиси нула. Сепак, истражувачите сè уште не знаат каде е тој прекин за коронавирусот и бидејќи вакцините не обезбедуваат 100% заштита од инфекција, Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат луѓето да продолжат да носат маски и да одржуваат социјална дистанца дури и откако се вакцинирани.

Што е со новите варијанти на коронавирус?

Во последните месеци се појавија нови варијанти на коронавирус, а неодамнешните студии покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни против одредени, како што е варијантата Б1351 за првпат идентификувана во Јужна Африка.

Секој пат кога SARS-CoV-2 се реплицира, тој добива нови мутации. Во последниве месеци, истражувачите откриле нови варијанти кои се поинфективни – што значи дека лицето треба да вдише помалку вирус за да се зарази – и други варијанти што се попреносливи – што значи дека тие ја зголемуваат количината на вирус што ја испушта лицето. Истражувачите, исто така, најдоа најмалку една нова варијанта, која се чини дека е подобра во избегнувањето на имунитетот.

Па, како е ова поврзано со вакцините и преносот?

За варијантата од Јужна Африка, вакцините сè уште обезбедуваат заштита поголема од 85% од сериозно заболување со ковид-19. Но, при благи и умерени случаи, тие овозможуваат, во најдобар случај, само околу 50%-60% заштита. Тоа значи дека најмалку 40% од вакцинираните ќе имаат доволно силна инфекција и доволно вирус во нивното тело за да развијат умерена болест.

Ако вакцинираните имаат повеќе вирус во нивните тела и потребно е помалку од тој вирус да заразат друго лице, ќе има поголема веројатност вакцинираното лице да ги пренесе овие нови соеви на коронавирусот.

Ако сè оди како што треба, вакцините многу брзо ќе ја намалат стапката на тешки болести и смрт во светот. Секоја вакцина што ја намалува сериозноста на болеста, исто така, ја намалува количината на вирусот што се пролева. Но, поради појавата на нови варијанти, вакцинираните луѓе сè уште имаат потенцијал да го испуштат и шират коронавирусот на други лица, вакцинирани или не. Ова значи дека најверојатно ќе биде потребно подолго време за вакцините да го намалат пренесувањето и за популациите да достигнат имунитет на стадо отколку кога овие нови варијанти никогаш не би се појавиле. Колку точно ќе трае тоа е рамнотежа помеѓу тоа колку се ефективни вакцините против новите соеви што се појавуваат и колку овие нови видови се преносливи и заразни.

Поврзани содржини