ДАЛИ ВАКЦИНИРАНИТЕ ЌЕ СЕ ЗАРАЗАТ СО КОВИД Овие четири фактори го одредуваат тоа

Генерално, вакцините во голема мера го намалуваат ризикот од корона и огромен процент го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт. И тоа е она што е најважно.

1,677

Две недели по втората доза на вакцината против ковид, заштитната бариера на вакцината е во полна сила. Меѓутоа, поради одредени фактори на ризик, можно е некое лице да се зарази со корона, но благодарение на вакцината, најверојатно нема да заврши во болница и да почине.

Според студијата „COVID Symptom“, најчестите симптоми на инфекција се главоболка, течење на носот, кивање, болки во грлото и губење на чувството за мирис и вкус. Некои од овие симптоми – главоболка, болки во грлото и течење на носот – се исто така симптоми што ги имаат невакцинираните луѓе, но тие обично имаат треска и кашлица.






Во прилог на поблагите симптоми, вакцинираните се со многу помал ризик да завршат во болница, ако сепак и после 2 дози се инфицираат со корона.

SciTechDaily.com издвојува четири фактори кои влијаат на тоа колку добро сте заштитени со вакцината против корона.

Вид на вакцина

Секоја вакцина е добра, повторуваат експертите, со фактот дека некои едноставно имаат малку подобар процент на ефективност, односно поуспешно го блокираат развојот на болеста кај оние кои ја примиле таа вакцина.

Истражувањата покажаа дека вакцината „Фајзер“ го намалува ризикот на лицето да развие симптоматска форма на ковид до 95%. Вакцината „АстраЗенека“ е малку подолу, околу 81 проценти, под услов интервалот помеѓу двете дози да е подолг.

Време од вакцинацијата

Давањето трета засилувачка доза станува се поважно, бидејќи се покажа дека времето што поминало од вакцинацијата влијае на нашата заштита од ковид. Истражувањата што допрва треба да се потврдат велат дека ефектот на вакцината „Фајзер“ исчезнува по шестмесечна вакцинација. Прерано е да се каже колку заштита всушност ни обезбедуваат вакцините шест месеци откако сме ги примиле.

Соеви

Колку вакцината ќе нè заштити, зависи и од тоа на кој вид корона сме изложени. Вакцините главно се базираат на податоци за оригиналниот алфа сој, и на пример, ефикасноста на „Фајзер“ кај делта се намалува од 95 на 88 проценти. Но, и тоа секако е подобро од нула, што е ситуацијата со невакцинираните. Значи, ако сте, да речеме, целосно вакцинирани со „Фајзер“, шансите се околу 88 проценти да нѐ добиете делта.

Имунолошки систем

Сето погоре на крајот е проследено со нашиот имунитет. Сите ние сме различни и секое тело различно реагира на се, дури и на вируси.

Имунитетот се намалува со возраста, а хроничните болести можат да го намалат ефектот на вакцината што сте ја примиле. Постарите возрасни лица и оние со нарушен имунитет може да развијат послаба заштита од вирусот по вакцинацијата отколку целосно здравите луѓе, или нивната заштита може да помине побрзо.

Генерално, вакцините во голема мера го намалуваат ризикот од корона и огромен процент го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт. И тоа е она што е најважно.

Поврзани содржини