ДАЛИ ВАКА ТРЕБА И ВО МАКЕДОНИЈА?! Го надминaл ограничувањето на брзината за 30 км/ч, па бил казнет со неверојатни 121.000 евра!

Бизнисменот, по кого е именуван „Wyclef Holding Arena“, главниот спортски стадион на островот во регионалната престолнина Марихам, беше казнет со 63.680 евра во 2018 година, пет години откако беше казнет со 95.000 евра за истиот прекршок.

1,361

Финскиот мултимилионер Андерс Виклеф е казнет со 121.000 евра поради пребрзо возење, за надминување на 30 километри на час. Во Финска, казните се одредуваат прогресивно, според приходите на сторителот.

Андерс Виклеф изјави за Ниа Аланд, весник на Оландските Острови, автономен фински регион во Балтичкото Море, дека забавувал, но претпоставува дека тоа не се случило доволно брзо.






– Така оди, тоа – рече Виклиф.

Виклиф, кој е претседател и основач на холдинг компанија чии приходи се 350 милиони евра годишно, изјави дека ограничувањето на брзината „наеднаш“ се променило од 70 на 50 километри на час. Во тој момент, тој додава дека возел 82 километри на час.

Казните за сообраќајни прекршоци во Финска се засноваат на тежината на прекршокот и приходите на прекршителот, а тоа може веднаш да се провери од полицијата преку паметни телефони со поврзување со централната база на податоци за даночните обврзници.

Според финскиот систем, казната се пресметува врз основа на дневниот расположлив приход на сторителот, кој се смета за половина од неговиот дневен нето приход. Колку повеќе возачот го надминува ограничувањето на брзината, толку е поголема казната.

Тоа што Виклиф претходно беше казнет двапати поради пребрзо возење било отежната околност, му е одземена и возачката дозвола на 10 дена.

Бизнисменот, по кого е именуван „Wyclef Holding Arena“, главниот спортски стадион на островот во регионалната престолнина Марихам, беше казнет со 63.680 евра во 2018 година, пет години откако беше казнет со 95.000 евра за истиот прекршок.

Виклиф рече дека се надева оти казната, еднаква на половина од неговиот расположлив приход за 14 дена, ќе биде добро искористена.

– Слушнав дека владата сака да заштеди 1,5 милијарди евра за здравството во Финска, па се надевам дека моите пари ќе ја пополнат таа празнина – рече Виклиф.

Финска наметнува казни на опаѓачки размери за низа прекршоци како што се кражби во продавници и прекршување на законите за хартии од вредност и финансиско тргување. Казните се прогресивни, исто како и оданочувањето, колку повеќе заработувате, толку повеќе плаќате.

Така, во 2002 година, Анси Вањоки, тогаш еден од извршните директори на Нокиа, беше казнет со 116.000 евра, откако беше фатен како вози „Харли Дејвидсон“ со 75 километри на час каде границата е 50.

Се верува дека Швајцарија, која користи сличен систем, ја изрече најголемата сообраќајна казна до сега – 3.600 франци дневно за 300 дена, или околу 1,1 милион евра, за шведски возач фатен вози со 290 километри на час меѓу Берн и Лозана.

Поврзани содржини