📽️ ДАЛИ ВАКА НЕШТЕТНО СЕ ОТСТРАНУВААТ ПТИЦИ? Објавени снимки од случувањата во ЗОО Скопје

Од АХВ иако најавија дека попладнево ќе соопштат што се случувало денеска во ЗОО Скопје, досега не кажаа ништо.

4,516

Не е јасно што денеска се случуваше во скопската Зоолошка градина. Утрово беа споделени информации дека ЗОО градината е затворена и дека инспектори на Агенцијата за храна (АХВ) се внатре за да земат примероци кои ќе покажат дали кај птиците има птичји грип. Подоцна раководството на ЗОО преку соопштение обвини дека е извршено уништување на птиците без доказ за постоење на вирусот, со цел како што беше соопштено да се наруши угледот на зоолошката. Оттаму најавија и поднесување на кривични пријави за инспекторите и директорот на Агенцијата на храна и ветеринарство.

До медиумите беа испратени видеа на кои се гледа како вработени во АХВ со заштитни одела ги фаќаат и ловат птиците во ЗОО.






Порталот „24 инфо“ објави едно такво видео на кое се гледа дека се носат мртви птици кои завршуваат во канти за ѓубре.

Од АХВ иако најавија дека попладнево ќе соопштат што се случувало денеска во ЗОО Скопје, досега не кажаа ништо.

Поврзани содржини