ДАЛИ ВАГНЕР БЕЗ ПРИГОЖИН ЌЕ ЈА СМЕНИ СТРАНАТА? Руските милитанти ги повикаа платениците да ѝ се приклучат на Украина
Сега сте соочени со сериозен избор - можете да застанете покра руското министерство за одбрана и да им служите како кучиња чувари на егзекуторите на вашите команданти или да се одмаздите - рече командантот на рускиот волонтерски корпус (РВЦ), Денис Капустин.
Група руски милитанти кои се борат на украинската страна ги повикаа платениците на Вагнер да ја сменат страната и да се приклучат во нивните редови по авионската несреќа во средата во која загина шефот на воената групација, Евгениј Пригожин.
– Сега сте соочени со сериозен избор – можете да застанете покра руското министерство за одбрана и да им служите како кучиња чувари на егзекуторите на вашите команданти или да се одмаздите – рече командантот на рускиот волонтерски корпус (РВЦ), Денис Капустин.
Во видеото објавено доцна синоќа, Капустин ги повика борците од Вагнер да преминат на страната на Украина.
– За да се одмаздите, мора да преминете на страната на Украина – рече командантот.
Командантот на РВЦ, Капустин, екстремно десничарски руски државјанин, ја основа вооружената група пред една година. РВЦ се бори на украинската страна и тврди дека стои зад неколку воени напади на руските погранични области.