ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД Е-БРОЕВИТЕ ВО ХРАНАТА? Колку се адитивите безбедни за нашето здравје?

Е-броевите, или адитивите во храната, честопати предизвикуваат загриженост кај потрошувачите поради нивната потенцијална штета. Иако се препорачува да се избегнуваат, важно е да се разбере што всушност претставуваат овие адитиви, како се контролираат и колку се навистина безбедни за нашето здравје.

34

Важноста на здравата исхрана е сè почеста тема во медиумите, а како неизбежен дел на ваквите теми, се појавуваат списоци на храна што треба да се избегнува. Редовна ставка на ваквите списоци се таканаречените „Е-броеви“, колоквијализам што служи како синоним за разни адитиви во храната.

Често се препорачува нивно избегнување и внимателно следење на декларациите на храната. Дали постои научна подлога за таквата практика?






Европска класификација на адитивите во храната

Зад терминот „Е-броеви“ лежи систем на класификација на адитивите во храната воспоставен од Европската Унија. На секој додаток што моментално или историски се користи му е доделена ознака „Е“, од зборот Европа, со придружен уникатен број што служи за идентификување на специфичниот адитив.

Овој систем за класификација бил воведен во 1960-тите за стандардизирање на употребата на прехранбени адитиви, и иако системот првично бил воведен во Европа, денес се користи и во други земји. Во многу земји, означувањето на адитивите со Е-броеви на етикетите е законска обврска, што им овозможува на потрошувачите точно да знаат за кои адитиви станува збор.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини