ДАЛИ ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЗАГРИЖЕНИ? Непознатата подваријанта на омикрон -„БΑ.2“ е регистрирана во Грција

Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение обаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група „21M“, позната како сојот омикрон, а меѓу другите подваријанти е и „21K“ („БΑ.1“) која е моментално раширена во светот.

878

Два случаи на омикрон 2, што е подваријанта на омикрон сојот, наречена „БΑ.2“ или „21L“ се откриени во Грција, кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение обаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група „21M“, позната како сојот омикрон, а меѓу другите подваријанти е и „21K“ („БΑ.1“) која е моментално раширена во светот.






Додават дека од новата подваријанта недостига “S-gene drop out” ή SGTF што се користи за откривање на омикрон со молекуларните тестови и затоа „БΑ.2“ или „21L“ се карактеризира како подгрупа „stealth“, но и дека засега е непознато дали дополнителините седум мутации на S (Spike) протеинот ја прават новата подваријантата „БA.2“ поразлична и „не постојат доволно податоци дали има зголемена можност да го избегне постоечкиот имунитет или да донесе зголемено заразување“.

– Комбинираниот ефект на овие седум мутации врз својствата на вирусот во моментов е непознат, додаваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Професорот по епидемиологија и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Гикас Мајоркинис, говорејќи за новата подваријанта објасни дека Омикрон има две гранки, „а едната е наречена „stealth“ – скриена гранка“, бидејќи има мутација што ја прави незабележлив при класичниот метод што се користи за да откривање.

Истакна дека сè уште е рано да се каже дали и колку оваа подваријанта е позаразна.

И дел од останатите грчки епидемиолози коментираат дека сè уште не постојат доволни податоци во за новата подваријанта.

Поврзани содржини