ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА Е ВИНОВНА ЗА СТРАВИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА? Системот за држење во лента е можна причина

Еден од преживеаните рекол дека системот за држење во лента можел да придонесе за несреќата, односно, дека воланот „се заклучил“ по престигнувањето, спречувајќи го возилото да се врати во својата коловозна лента.

1

Седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа, а тројца беа повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторник во Романија. Навивачите патуваа од Грција до Франција, каде што требаше да го бодрат својот клуб на натпреварот од Лигата на Европа против Лион вечерва.

Според извештаите и снимките од камерите, црно комбе престигнало едно возило, а потоа се судрило челно со камион. Во несреќата учествувале четири возила: комбе, камион, цистерна и автомобил.






Романските власти ги истражуваат околностите на несреќата. Според експертите кои ги прегледале снимките, можните причини се здравствени проблеми или невнимание на возачот. Во моментов нема потврда дека во несреќата биле вклучени алкохол или нелегални супстанции, а истрагата е во тек.

Еден од преживеаните, според неговиот лекар, рекол дека системот за држење во лента можел да придонесе за несреќата. Грчкиот лекар Димитрис Кукулас изјави за државната телевизија ЕРТ дека повредениот човек му опишал дека воланот „се заклучил“ по престигнувањето, спречувајќи го возилото да се врати во својата коловозна лента.

Истрагата ќе треба да утврди дали оваа функција воопшто била активна и дали можела да влијае на текот на настаните. Снимката покажува дека откако престигнувањето заврши, комбето прво сигнализираше враќање, а потоа нагло се врати на спротивната лента.

🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) КОМБЕТО ПРЕТЕКНУВАШЕ, ПА УДРИ ДИРЕКТНО ВО КАМИОН Загинаа 7 навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК

Поврзани содржини