ДАЛИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ Е ЗАВИСНИК? Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во апстиненцијални кризи на спикерот

Оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието - прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

1,375

Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино? Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување – вели Стоилковски.






Стоилковски уште еднаш го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови се бара неотповиклива оставка на претседателот на Собранието.

Поврзани содржини