ДАЛИ СТРАДАМЕ ОД ДЕПРЕСИЈА ИЛИ СМЕ САМО ТАЖНИ? Тагата поминува, депресијата треба да се лекува

Иако често ги користиме поимите тага и депресија како синоними, психијатрите предупредуваат дека тоа се две суштински различни состојби кои е важно да се препознаат навреме, за да се побара соодветна помош на време.

359

Често можеме да слушнеме како некој вели дека е „депресивен“ кога е нерасположен или тажен.

Експертите истакнуваат дека овие состојби не треба да се мешаат, бидејќи депресијата е сериозна






болест, а тагата е нормална човечка емоција.

За да ја објасни оваа разлика, д-р Ричард А. Фридман, професор по клиничка психијатрија и

директор на Клиниката за психофармакологија на Медицинскиот факултет Веил Корнел (Weill

Cornell), го раскажал случајот на еден негов пациент во средината на неговите 40-ти, успешен

бизнисмен кој во еден момент почнал да ја губи самодовербата.

„Имаше проблеми со спиењето, будеше околу 4 часот наутро со силна вознемиреност и не можеше

да се врати на спиење. Неговиот апетит исчезна, како и неговото либидо, а тој изгуби многу

килограми“, рекол д-р Фридман за The Washington Post.

Неговиот пациент не преземал ништо со месеци, убеден дека наведените симптоми се очекуван

одговор на финансиските проблеми со кои се соочувал и дека наскоро ќе исчезнат.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини