ДАЛИ СТЕ ВО КАТАР, ОАЕ, КУВАЈТ ИЛИ БАХРЕИН? Владата објави итни контакти за помош
Македонските државјани во Катар, ОАЕ, Кувајт и Бахреин се повикани внимателно да ги следат официјалните информации поради безбедносната состојба во регионот.
Поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин да бидат внимателни и редовно да ги следат официјалните информации.
Од Владата информираат дека граѓаните треба строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции во земјите домаќини.
Надлежното министерство посочува дека ситуацијата се следи континуирано и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни случувања.
Воедно, македонските државјани кои имаат потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
📞 +974 50 173 111
✉️ [email protected]
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
📞 +971 56 441 7532
✉️ [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736
✉️ [email protected]