ДАЛИ СТЕ ЉУБИТЕЛ НА ГУМЕНИ БОНБОНИ? Еве како се прават вашите омилени гумени црви и мечиња
Ако гумените бонбони се едни од вашите омилени задоволства, ве покануваме да престанете да читате сега. Начинот на кој се прават повеќето бонбони на база на гума може да ве вознемири, пишува Huffpost.
Ако некој вегетаријанец некогаш ве одбил кога сте му понудиле гумени мечиња, тркалца со вкус на праска, гумени црви или шолја желе, веројатно знаете дека тоа е затоа што многу од овие производи се направени од желатин. Желатинот пак е направен од животинска кожа и коски.
Белгиската режисерка Алина Книпкенс создаде краток хорор филм со детали за начинот на производство на гумени бонбони. Видеото почнува од готова бонбона, за постепено да се открие неговиот крвав почеток.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.