ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ЧОКОЛАДНА ЦИСТА НА ЈАЈНИЦИ? Знаете ли зошто оваа болест која предизвикува неплодност го добила името по чоколадо?

Чоколадната циста на јајници може да биде асимптоматска, особено кога е мала, но често предизвикува карлична болка, особено пред или за време на менструацијата, неплодност или болка за време на сексуалниот однос. Ако порасне, може да предизвика притисок или чувство на тежина во долниот дел на стомакот.

265

Иако е ретко некоја болест да се поврзе со слатки, освен „шеќерот“ или дијабетесот, постои една состојба именувана по омилениот сладок деликатес – чоколадото. Причината зошто ѝ е дадено тоа име е сè друго освен слатка.

Чоколадната циста на јајници е всушност ендометриумска циста, медицински наречена ендометриоза. Се нарекува „чоколадна“ поради темната крв што ја содржи – која наликува на чоколадо кога ќе се отстрани. Таа е последица од ендометриоза, состојба во која ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од матката, во овој случај во јајниците.






Таквата циста може да биде асимптоматска, особено кога е мала, но често предизвикува карлична болка, особено пред или за време на менструацијата, неплодност или болка за време на сексуалниот однос. Ако цистата порасне, може да предизвика притисок или чувство на тежина во долниот дел на стомакот.

Бенигна, но не и безопасна

Чоколадната циста е бенигна состојба, што значи дека сама по себе не е рак, но може да биде сериозна поради симптомите што ги предизвикува и долгорочните ефекти што може да ги има врз вашето репродуктивно здравје. Ризикот по живот е низок, но може да предизвика силна хронична болка, менструални неправилности, намалена плодност, па дури и компликации како што се торзија на јајниците или руптура на циста, кои бараат итна медицинска интервенција.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини