ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА КОЛАЧИЊАТА ОД SQUID GAME? Го имаме рецептот за колачите од хит серијата на Нетфликс
Колачите се подготвуваат и лесно и за нив се потребни само две состојки. Не мора да брзате ни со јадењето, како играчите во серијата, а и ако ви се скршат никој нема да ве убие. Барем се надеваме.
Нема кој не слушнал за серијата Squid game, која е апсолутен хит на Нетфликс. Иако можеби не сте ја гледале оваа јужнокорејска серија, сигурно знаете барем некои детали, а еден од највпечатливите е поврзан со колачето од шеќер, познато како далгон.
Во серијата, натпреварувачите се борат да ги исечат формите на круг, чадор, триаголник или ѕвезда во овие шеќерни колачиња без да ги скршат. Така е и навистина со овие популарни и вкусни колачи, кои се познати и како улични деликатеси и биле многу барани во 70 -тите и 80 -тите години.
Еве како да ги подготвите.
Состојки:
2 лажици шеќер
Прстофат сода бикарбона
Приготвување:
Обложете мал плех со хартија за печење.
Ставете шеќер во мала тава. Мешајте на умерена температура додека не почне да се топи (околу 2 минути). Кога целиот шеќер ќе се растопи и ќе пожолти, веднаш тргнете ја тавата од оган. Додадете сода бикарбона и мешајте додека смесата не стане проѕирна и светло кафена.
Истурете ја смесата во подготвениот плех за печење во 2 еднакви кругови и оставете да се излади (околу 30 минути).
Исечете ги саканите форми со калапи за колачи или со нож и уживајте. Не мора да брзате како играчите во серијата, а и ако ви се скршат никој немада ве убие. Барем се надеваме.
Фото: Јутјуб/скриншот