ДАЛИ СОКОЛ ПРАВЕЛ „ХОТЕЛ ПРОМАЈА“ ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА ПО НАЛОГ НА СДСМ? Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Филипче да се огради од советникот на Заев

Оттука се поставуваат прашањата, дали Сокол работел по насока на СДСМ и по нивна директива рашетувал затвореници и тоа со државни ресурси, па затоа сега Филипче молчи и не смее да се огради?, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

413

СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче сè уште не се оградиле од некогашниот советник на Зоран Заев, Филип Андов Сокол, ниту тој е исклучен од високот раководство во партијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали „СДСМ и Филипче молчат за криминалот на нивниот кадар Сокол, затоа што се плашат од тоа што тој може да каже пред надлежните органи“.






„СДСМ се синоним за криминал и корупција. Седум години власт кадрите на СДСМ криминално се богатеа, додека народот осиромашуваше, а државната каса ја опустошиле.

Нема ниту еден позитивен пример на човек од СДСМ кој што чесно ја вршел должноста во управувањето на институциите на системот.

СДСМ продолжува да ги штити своите партиски лица иако се длабоко заглавени во криминал.

Тоа го потврдува и последниот пример со поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов Сокол којшто од Шутка направи „хотел промаја“, па затворениците можеа слободно да излегуваат кога и каде ќе посакаат.

За иронијата да биде уште поголема, советникот на Зоран Заев, Филип Андов сè уште е дел од високите партиски структури на СДСМ.

СДСМ и Венко Филипче, до сега, не најдоа за сходно ниту да се оградат од криминалното работење на Филип Андов Сокол, ниту пак да го исклучат од ЦО на партијата.

Оттука се поставуваат прашањата, дали Сокол работел по насока на СДСМ и по нивна директива рашетувал затвореници и тоа со државни ресурси, па затоа сега Филипче молчи и не смее да се огради?

Дали СДСМ и Венко Филипче молчат за криминалот на нивниот кадар Сокол, затоа што се плашат од тоа што тој може да каже пред надлежните органи?

Од што се плашат СДСМ и Филипче, па толку громогласно молчат?

Чии насоки спроведувал Филип Андов Сокол, кога наместо да ги затвори во ќелија криминалците ги пуштал и ги шетал низ Скопје и давал привилегии на затвореници?

Дали и поради сето ова погоре набројано, последниот бастион под контрола на СДС во одбрана на нивните криминалци, судството грчевито се бореше Сокол да не оди во притвор, туку да се брани од слобода?

Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи и токму за тоа е потребна и реформата во правосудството.

А, тоа што можат и треба СДСМ и Венко Филипче да направат е да излезат и да кажат дали и што од погоре напишаното е точно, или барем да се оградат од нивниот партиски кадар Сокол“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини