ДАЛИ СКОПЈЕ СЕ ПРЕЗАСИТИ СО СТАНОВИ? Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30 станови
Најмногу станови е планирано да се градат во Југоисточниот (267) и во Југозападниот регион (232).
Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 524 милиони денари, што е за 8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63,9%) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11,1%) за објекти од нискоградба и 70 (25%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 280 објекти на 59,3% инвеститори се физички лица, а на 40,7% објекти инвеститори се деловни субјекти.
Најмногу одобренија за градење се издадени во Југоисточниот (61) и во Полошкиот регион (60).
Во извештајниот период е предвидена изградба на 646 станови со вкупна корисна површина од 64.251 м2.
Најмногу станови ќе се гради во Југоисточниот (267) и во Југозападниот регион (232).
Во Скопје во август е планирана изградба само на 30 станови.