📷 ДАЛИ СКАНДИРАШЕ СО НАВИВАЧИТЕ? Артан Груби ја бодреше Албанија на мечот на кој Даку ги пцуеше Македонците
Артан Груби го следеше мечот на Албанија против Хрватска на ЕУРО 2024 во Германија, на кој албанскиот репрезентатиевец Мирилинд Даку на мегафон ги пцуеше Македонците поддржан од албанските навивачи на трибините.
Поранешниот вицепремиер во македонската влада, Артан Груби во Германија ја бодри репрезентацијата на Албанија на Европското првенство во фудбал.
Груби го следеше мечот на Албанија против Хрватска, на кој албанскиот репрезентатиевец Мирилинд Даку на мегафон ги пцуеше Македонците поддржан од албанските навивачи на трибините.
Груби на Инстаграм објави фотографија од стадионот во Хамбург.
View this post on Instagram
Скандалозното однесување на албанскиот репрезентативец предизвика бурни реакции во јавноста. Неговиот клуб, рускиот Рубин Казан, изрази жалење за непримерното однесување на нивниот играч во дресот на репрезентацијата на Албанија, а ФФМ најави приговор до УЕФА и побара јавно извинување од Даку.