ДАЛИ СИНДИКАТОТ ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ ПОТТИКНАТ ОД СДСМ И ОД ЛЕВИЦА? Луѓе од ССМ и од овие две партии веќе имале неколку средби

Луѓе блиски на овие субјекти тврдат дека досега се случиле неколку средби на луѓе од овие партии во угостителски локал во Скопје, пишува порталот Експрес, според кој мотивите за интензивна активност на ССМ треба да се бараат во начинот на кој нејзиниот претседателот Слободан Трендафилов дошол на оваа позиција.

159

Најавениот протест на синдикатите за повисока плата е во корелација со СДСМ и со Левица. Луѓе блиски на овие субјекти тврдат дека досега се случиле неколку средби на луѓе од овие партии во угостителски локал во Скопје, тврди порталот Експрес, повикувајќи се на свои извори.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вчера на прес – конференција информираше дека на 28 јануари во 17 часот пред Работничкиот дом ќе се одржи протест на работниците и синдикатите. Ова е првиот чекор од низата чекори кои ССМ ги најавува за наредниот предиод, како дополнителни протести, блокади и генерален штрајк во јавниот сектор.






Според Експрес, мотивите за оваа интензивна активност на ССМ треба да се бараат во начинот на кој претседателот Трендафилов дошол на оваа позиција.

„За генезата на протестите интересни се неколку факти и податоци. Еден од нив е како актуелниот претседател на ССМ Слободан станува лидер на синдикатот. Тој доаѓа на оваа позиција пополнувајки го местото на претходниот претседател кој почина. Таткото на Слободан е претседател на гранковиот синдикат за градежиство, кој во периодот кога неговиот син станува дел од раководството на ССМ се повлекува и на негово место доаѓа Иван Пешевски. Еден од условите да се кандидира Слободан за претседател на ССМ е да биде претседател на гранков синдикат. Затоа почнува процедура за поставување на претседател на Синдикатот за трговија.

Притоа се кршат процедурите и има еден неуспешен собир за избор на претседател, и од вториот пат тој обид успева. Од таа позиција е поставен за прв човек на ССМ“ – пишува порталот.

Според Експрес, посебен проблем е зошто ССМ како синдикат не правел протести во време на минатата влада, а сега е многу активен во одбрана на работничките права.

„Барањето кое сега ССМ го има е покачување на платите, минимална плата 600 евра за сите работници, и плус 100 евра за сите други. Најмал број на работници со минимална плата се во државниот, односно јавниот сектор. Тоа значи дека ова барање најмногу ќе ги погоди приватниците кои се на отворен пазар. Математиката на ССМ започна со барање за 450 евра плата. Потоа 500 евра и сега 600 евра“ – пишува порталот.

Поврзани содржини